СпортСпорт во Вадуц (Лихтенштајн)
Огнен Дојчиновски
Александар Трајковски, еден од најискусните репрезентативци во нашиот табор, во седмата минута го отвори дуелот против Лихтенштај. После победата од 0-3 на гостински терен потенцира колку е важно да се почне со победа на еден циклус, воедно им се заблагодари на фановите кои денеска ги поддржаа во Вадуц, но и ги повика сите Македонци да дојдат во Скопје против Велс.
„Знаевме дека многу е важно да почнеш со победа во овие квалифиакции. Секој натпревар е важен и нема лесен противник. Може така изгледаше, но ние се подготвуваме за секој меч како да е најважен и добро е што почнавме со победа. Се надевам дека и во Скопје ќе одиграме добро. Не чека потешка задача од оваа, Велс е поквлитетен противник, ќе се подготвиме максимално и се надевам дека ќе победиме.
Сакам да им се заблагодарам на сите навивачи што дојдоа да не поддржат и се надевам дека ќе бидат во поголем број во Македонија и ќе не поддржат на мечот со Велс“, изјави Трајковски.
Македонската фудбалска репрезентација доцна вечерва со чартер лет се враќа во Скопје, а веќе во вторник го игра мечот против Велс.