Андреа Седлоска и нејзиниот тим Локомитва Загреб имаа лесна задача овој викенд. Тимот за кого настапува македонската репрезентативка на домашен терен дојде до убедлива победа против Дуго Село и славеше од 34-14 во рамките на 19. коло во тамошниот шампионат.
Нашата репрезентативка беше една од подобрите во составот на Локомотива, постигна три гола од исто толку обиди.
Локомотива Загреб е на второто место на табелата сo 31 бод, има 15 победи, едно реми и два порази. Лидер е тимот на Подравка со 34 бодови.