У-17: И надежите славеа против Лихтенштајн!

378

Младата репрезентација на Македонија до 17.години, успеа со 1:0 да слави над Лихтенштајн, во меч од 2.коло на квалификацискиот турнир кој се игра во Шкотска. Значи денеска имаме двоен триумф над Лихтенштај, победа на А-репрезентацијата во Вадуц со 3:0 и победа на надежите од 1:0.

Победничкиот гол беше дело на Хоџа во 30.минута.

Па така сега по два одиграни меча имаме 4 бода и следува уште дуелот со Романија.

Селекторот Димитар Капинковски на овој меч шанса им даде на: Трајковски, Маркоски, Димоски, Кесиќ, Секирски, Марковски, Танчев, Дамјановски, Бранковски, Буцевски и Хоџа. Во продолжение од средбата шанса добија и Ангелевски, Јевтоски, Рочи и Жаку.

ПретходноМиовски: Одличен старт, овде во Вадуц се чувствувавме како да играме дома!
СледноВо Вадуц македонските иселеници собира донации за настраданите