СпортСпорт во Вадуц (Лихтенштајн)
Огнен Дојчиновски
Македонската фудбалска репрезентација денеска во 15 часот во Вадуц, Лихтенштајн го игра првиот квалификациски меч од Мундијалските квалификации.
Иако во моментов атмосферата е далеку од препознатлива бидејќи Македонија жали за трагедијата во Кочани, сепак, дел од навивачите, пред се од дијаспората од Германија, Швајцарија и Австрија се појави во Вадуц и ќе ја бодри нашата репрезентација од трибините на стадионот, Рајн парк.
Ги има од цела Македонија, Струмичани, Скопјани, Кавадарчани, сите заедно полека се екипираат и се упатуваат кон стадионот. Како што беше најавено нема да има навивање, а сите кои дојдоа веќе се облечени со црни маички и натпис во знак на почит кон трагично загинатите жртви во пожарот во Кочани.
Денеска сите посакуваат нашите фудбалери да дојдат до победата и истата да им ја посветат на 59. млади животи кои згаснаа трагично и ја оставија Македонија во црнило.