ФОТО НА ДЕНОТ: Оваа победа е за КОЧАНИ!

521

Македонија успеа да слави во Вадуц со 3:0 против Лихтенштајн на стартот од квалификациите за СП 2026. Секој од трите голови беа посветени на Кочани, такви беа гестикулациите на Трајковски, Муслиу и Миовски, а фото на денот се разбира дека е пораката на големиот спортсмен, Џани Алиоски кој покажа на маичката како да сакаше да каже дека оваа победа е за Кочани.

Браво и секоја чест за Џани.

Многу емоции имаше денеска на „Рајнпарк“ стадионот во Вадуц. Иако игравме многу добро, иако победивме сепак немаше еуфорија, се знае зошто.

Достонствен настап, достоинствено однесување на македонските репрезентативци и на сите Македонци во Вадуц.

ПретходноТомовски одличен, ама Потсдам со пораз!
СледноНеверојатно: Ал Хилал на Салах му нуди 100 милиони евра по сезона!