Во терминот од 18 часот се одиграа две средби во квалификациите кои стартуваа вчера.
Очекувано силната Норвешка немаше никаков проблем на гостувањето во Кишињев и успеа да ја победи Молдавија со 0:5.
Интересно, Ерлинг Халанд беше стрелец на само еден гол, а во 78.минута беше заменет, едноставно немаше потреба и натаму да игра.
За Норвежаните покрај Халанд, стрелци беа и Риерсон, Асгард, Серлот и Донум.
Црна Гора во меч кој се одигра во Никшиќ, и покрај проблемите кои ги имаше против Гибралтар, сепак на крајот го доби овој меч со 3:1.
По малку сензационално, гостите поведоа со голот на Бент во 13.минута. Следуваа три гола на домашните и тоа на Јоветиќ, Тучи и Марушиќ за победа и за освојување на три бода на стартот од квалификациите за СП 2026.