Шокантни детали околу смртта на Марадона: Лежел мртов во валкана куќа повеќе од два часа

230

Диего Армандо Марадона за жал имаше турбулентно минато, а неговата смрт се уште е тема на пишување ширум светот. Објавени се нови детали за смртта на легендата, што пак предизвика шок во светот.

Марадона почина во 2020 година од срцева слабост додека се опоравуваше од операција на срцето. Судењето на седуммина членови на лекарскиот тим неодамна почна и ќе трае неколку месеци.

Докторот Колин Кембел сведочеше дека немало дефибрилатор или други неопходни медицински помагала во домот на Марадона ноќта на неговата смрт.

Тој истакна дека куќата била многу валкана, особено просторијата во која престојувал Марадона, без основни хигиенски услови или медицинска опрема.

Марадона беше мртов повеќе од два часа, а во неговата соба немаше ништо да помогне во реанимација, ниту кислород, ниту дефибрилатор. Ова сведоштво го потврди лекарот Хуан Карлос Пинто, кој на местото на настанот пристигнал како возач на брза помош.

Смртта на Марадона длабоко ја потресе Аргентина, а сите во оваа земја се уште го следат судењето поради големиот статус што го имаше Марадона.

Во судењето ќе учествуваат над 100 сведоци, а обвинетите може да се соочат со затворски казни од осум до 25 години. Исто така, беше објавено дека медицинската сестра Дахиани Мадрид ќе се соочи со посебно судење во јули.

За потсетување, пред десетина дена протекоа и одредени детали за смртта на Марадона.

Тогаш се одржа и првото рочиште од судењето на лекарскиот тим, каде обвинителот Патрисио Ферари предизвика голем шок кај присутните.

Имено, Ферари покажа фотографија од Марадона во моментот на неговата смрт, која предизвика силни емоции кај семејството и кај присутните.

„Вака умре Марадона“, грмеше Ферари додека ја држеше фотографијата нагоре и истакна дека тешката здравствена состојба на Марадона е очигледна.

ПретходноНема финале за Лина Ѓорческа во Марибор
СледноЕдна поинаква атмосфера: „Фалангата“ во црни маички пристигна во Вадуц!