СпортСпорт во Вадуц (Лихтенштајн)
Огнен Дојчиновски
Во сеќавање на 59-те жртви во пожарот во дискотеката во Кочани, во 59-та минута на дуелот меѓу Лихтенштајн и Македонија на стадионот „Рајн Парк“, македонските фанови станаа и уште еднаш им оддадоа почит на настраданите извикувајќи го градот каде се случи најголемата трагедија и ја зави нашата земја во црно.
Овој меч се игра во многу поинаква атмосфера, Македонците дојдоа во црно во чест на загинатите во Кочани, а во темни дресови играат и нашите фудбалери. Головите кои до сега беа постигнати не ги славеше никој од нашите репрезентативци, истите се посветени токму на младите животи кои згаснаа.