Алкалоид испушти победа, Баја Маре со пенал до реми!

539

Алкалоид со големо реми се враќа од гостувањето кај Баја Маре (31-31) во рамките на првата четвртфиналната пресметка во ЕХФ Европскиот Куп.

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија на оваа средба, но и до крајот на сезоната е без најдобриот ракометар, Марко Митев кој се повреди на дуелот против Словенија. Па оттука овој резултат е голем, македонскиот тим имаше и голема шанса за победа, но неколку грешки беа клучни за крајниот резултат.

Алкалоид поведе на стартот на мечот со 0-1, по што романскиот состав го превзема водството и на одморот замина со позитива од четири гола 20-16.

Во вториот дел Романците имаа и пет гола позитива 21-16, но Лазаров и неговите момци најдоа начин како да се вратат. За пет минути со серија од 5-0 дојдоа до второто водство на мечот од 23-24 во 47 минута. Ова беше период во кој Алкалоид демонстрантрираше цврста одбрана, а противникот не реализираше два седмерци. Петковски, Велковски, Серафимов и Ивановски беа креатори во кам-бекот.

И тука не застанаа момците на Лазаров, во 52 минута Алкалоид дојде до плус три 24-27. Во десет минути (42 до 52 минута направија серија од 8-2).

Стојковиќ заработи две минути исклучување, а противникот со три гола во низа израмни на 27-27. Ѓорѓиев го прекина налетот на противникот 27-28, а дуелот влезе во драматична завршница. На две минути до крајот Алкалоид дојде на плус два со головите на Петров и Џонов (29-31). Токму во овој дел Џонов заработи две минути исклучување, а домаќините го имаа последниот напад и удар од седум метри, не реализираа. По тајм-аутот на Лазаров, Алкалоид не искористи напад, а Баја Маре доби седум метри реализираа за 31-31.

Серафимов и Петковски со по 7 гола беа најефикасни во редовите на Алкалоид. Кај домашниот состав шест ракометари постигнаа по 4 погодоци.

ПретходноПопов на хуманитарен меч на Херенвен истрча со дрес со името на Андреј Лазаров (ВИДЕО)
СледноВелшките фанови кои ќе дојдат во Скопје ќе одиграат пријателски меч