Алкалоид е единствениот македонски претставник кој и натаму е активен на европска сцена. Бранителот на Купот на Македонија и Супер-Купот денеска (17 часо) го игра првиот четвртфинален натпревар во рамките на ЕХФ Европскиот Куп, му гостува на романскиот тим Баја Маре.
Предводникот на тимот од Автокоманда, Кирил Лазаров на оваа средба, но и до крајот на сезоната на располагање ќе го нема најдобриот ракометар, Марко Митев, кој се здоби со тешка повреда на гостувањето на македонската репрезентација против Словенија.
Двомечот со Баја Маре ќе биде поинаков од претходните мечеви, па патот кон пласманот во полуфиналето во ова натпреварување ќе биде далеку потежок за младиот македонски тим.
Алкалоид во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот Куп стигна со шест победи во исто толку одиграни мечеви, ги совлада екипите на Драгунас Клаипеда, Вест Виена и Бриксен.
Кирил Лазаров го одреди составот за оваа средба.