Англискиот репрезентативец Ентони Гордон ќе го пропушти квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година против Летонија во групата К поради повреда на колкот, објави денеска Би-Би-Си.
Гордон (24) се повреди пред два дена во баражот за СП 2026 против Албанија (2:0). Тој во игра влезе во 74 минута на местото на Маркус Рашфорд.
Британските медиуми пренесуваат дека по дополнителните прегледи било утврдено дека Гордон се здобил со повреда на колкот, а фудбалерот на Њукасл веќе го напуштил тренинг кампот на репрезентацијата на Англија. Тој ќе продолжи со опоравувањето во својот клуб.
Натпреварот меѓу Англија и Летонија се игра утре од 20 часот и 45 минути на Вембли во Лондон.