Велс е следниот противник на македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година. Нашите момци стартуваа со победа против Лихтенштајн на гости (0-3), додека пак Велс го совлада Казахстан дома со 3-1.
Мечот меѓу Македонија и Велс се игра во вторник на Арената „Тодор Проески“. Крег Белами, селекторот на гостите вели дека ќе го подготвува тимот како да оди да игра против Бразил.
„Тие се добар тим. Мораме да бидеме најдобри. Ми се допаѓа предизвикот да го подготвам тимот за гостување како во Македонија. Би сакал да се спремаме како да имаме можност да играме против Бразил. Сакам играчите да одиграат подобро.
Нам ни останува да го прифатиме предизвикот и да бидеме возбудени, а гостувањето во Македонија ни отвара простор за тоа“, изјави селекторот на Велс.