Бензема сака да се врати во Реал Мадрид, ама….

1454

По малку сензационална вест од Саудиска Арабија. Карим Бензема сака да се врати во Реал Мадрид, ама не како играч.

А за што всушност станува збор?

Имено напаѓачот на Ал Итихад е свесен дека неговата блескава кариера е при крај и дека мора да се подготвува за периодот кога веќе нема да биде актиевен играч.

Неговата желба била да се врати во Реал Мадрид, во клубот со кого освои се што можеше да освои, и да биде дел од раководството на клубот и тоа на било која функција.

Се разбира дека ова да се случи ќе мора “виза“ да даде лично Дон Флорентино Перез.

Бензема има 37 години а во Реал Мадрид беше од 2009 до 2023 година, значи полни 14 години и одигра 439 натпревари и притоа постигна 238 голови.

ПретходноОткриени се детали од новиот договор на Винисиус со “кралевите“!
СледноЛејкерси се посрамотија дома, Лука Дончиќ сакаше да се пресмета со противникот (ВИДЕО)