
Македонската фудбалска репрезентација во вторник со почеток од 20:45 на Арената Тодор Проески во Скопје ќе го одигра вториот натпревар од тековната Мундијалска кампања. Откако вчера во Вадуц, Лихтенштајн забележавме стартен триумф од 0:3, сега на ред доаѓа првиот домашен дуел.
Се очекува полн стадион, Спортспорт уште претпладнево објави дека билетите се продаваат со голем интензитет, и дека се очекува Арената да биде полна.
Од друга страна пак, Спортспорт дознава дека репрезентацијата на Велс ќе пристигне во Скопје заедно со уште 2000 навивачи. Се знае дека репрезентациите од Островот со себе водат цела армија навивачи, а Велс не е исклучок по тоа прашање. Напротив. Очекуваме центарот на Скопје, од утре веќе да биде „окупиран“ со навивачи обоени во црвено.