Велшките фанови кои ќе дојдат во Скопје ќе одиграат пријателски меч

1407
0

Велшките навивачи кои ќе допатуваат на мечот со Македонија во Скопје овој вторник, најавија одигрување пријателски меч со екипата на локалниот четвртолигаш, ФК Слободен.

Групата навивачи од Велс се неофицијален фудбалски тим на навивачите на оваа земја кој игра натпревари кога нивната репрезентација гостува. Досега имаат одиграно 125 натпревари, а последниот е на гости против Исланд во октомври 2024 година.

Во вторник, на денот на мечот на А-репрезентациите во Скопје, дуелот на навивачите ќе биде во 12 часот на Тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“.

Ова ќе биде втор ваков натпревар за ФК Слободен бидејќи во ноември 2023 година на стадионот Петровец играа против англиските навивачи во меч кој заврши 1:1.

ПретходноАлкалоид испушти победа, Баја Маре со пенал до реми!
СледноСрпскиот коментатор плачеше за време на минутата молк за настраданите во Кочани и смртта на Делибашиќ и Илиќ (ВИДЕО)