Драма во Формула 1… дисквалификација за Хамилтон, Леклер и Гасли од ГН на Kина

1332

Откако рано утринава беше одржана трката од Формула 1, за големата награда на Кина, ФИА попладнево ги дисквалификуваше Луис Хамилтон, Шарл Леклер и Пиер Гасли.

Леклер ја заврши трката како петти, Хамилтон зад него, а Гасло на единаесеттото место. Но, техничките инспектори на ФИА во текот на стандардните проверки по трката, откриле прекршоци кај два болида по член 4.1 од техничкиот правилник.

Ферарито на Леклер при стандардното мерење на болидот покажал 800 килограми што е на дозволената граница. Но во текот на трката го промени крилото, па со него болидот тежел 800.5 килограми. Проблемот настанал кога дел од горивото било испуштено, па тежината спаднала на 799 килограми нешто што е недозволиво. Проблемот е детектиран, наджелните веднаш усвоиле дисквалицикафија.

Што се однесува до Луис Хамилтон, техничките инспектори откриле дека задниот клизен блок е премногу истрошен што не е дозволено. Правилата налагаат истиот да не биде потрошен повеќе од еден милиметар, а кај Хамилтон истите биле потенки од минимум дозволените девет милиметри. Автоматски следува дисквалификација.

Па така, овие дисквалификации ги искористија Естебан Окон, Кими Антонели, Алекс Албон, Оли Бирмен, Ленс Строл, Карлос Саинџ Јиниор кои освоија бодови.

ПретходноКапинковски: Задоволен сум од игрите и резултатите на овој турнир
СледноФФМ им кажа благодарам на репрезентативците