Капитенот на велшкиот прволигаш Бери Таун осуден на две и пол години затвор

202

Заменик капитенот на велшкиот фудбалски прволигаш Бери Таун Јунајтед е осуден на две и пол години затвор поради продажба на кокаин. Еван Прес, 24-годишен играч од средниот ред, ги играше сите натпревари оваа сезона за тимот во велшката фудбалска елита, а од клубот велат дека се „шокирани“ кога дознале за случајот оваа недела, веднаш откако тој беше осуден.

„Ќе бидам искрен, за ова слушнавме на денот кога беше осуден. Тој никогаш не ни кажа дека има процес против него. Не бевме свесни до половина час по изрекувањето на пресудата, кога нè контактираше член на семејството“, вели портпаролот на Бери Таун.

Прес беше капитен на тимот во 19 од неговите 33 натпревари оваа сезона, а последниот меч го одиграл на 11 март.

 

ПретходноЛН: Словенија низ продолженија до опстанок во „Б“ сегментот на Лигата на нации
СледноАнглија без Ентони Гордон за дуелот со Летонија