Лејкерси се посрамотија дома, Лука Дончиќ сакаше да се пресмета со противникот (ВИДЕО)

577

Кошаркарите на ЛА Лејкерс се посрамотија на домашен терен на натпреварот против Чикаго Булс. Гостите на овој натпревар постигнаа 146 поени против Лејкерс, а на крајот победија со дури 31 поен разлика (115-146).

Домашниот тим целосно се распадна во последниот дел од натпреварот. Чикаго по првото полувреме имаше три поени предност и никој не можеше да го очекува овој резултат на крајот.

Иако неговиот тим загуби, Лука Дончиќ одигра многу добар натпревар и постигна 34 поени, додаде осум скока и три асистенции. Тоа не им помогна на Лејкерси, исто како и враќањето на Леброн Џејмс, кој постигна 17 поени, имаше шест скока и четири асистенции.

Дончиќ беше многу нервозен, а во еден момент тоа го покажа кога за малку ќе се пресметаше со противник, а поради тоа доби неспортска лична грешка.

На останатите средби, Атланта беше подобра од Голден Стејт со 124-115, Њујорк славеше против Вашингтон со 122-103, Сакраменто на домашен терен беше поразен од Милвоки со 108-114.

ПретходноБензема сака да се врати во Реал Мадрид, ама….
СледноЏирона сподели емотивна фотографија од Миовски и напиша порака на македонски јазик!