Ливерпул со 120 милиони евра тргнува по Родриго!

375

Дали Ливерпул се спрема за ерата после Мохамед Салах? Јасно им е на сите во редовите на “Редси“ дека тешко ќе го задржат “Фараонот“ во своите редови и затоа имаат план – Б, или втора опција. А таа се вика Родриго, ѕвездата на Реал Мадрид.

Инсајдерските информации од Островот велат дека за такво нешто, Ливерпул е подготвен да му плати на Дон Флорентино Перез 120 милиони евра и дека за таа сума првиот човек на “кралевите“ нема да прави никаков проблем околу бразилскиот напаѓач.

Дали Родриго како опција во нападот на Ливерпул ќе биде доволно добра тоа ќе покаже времето, ама прво “Редси“ ќе треба да дојдат до одличниот напаѓач на Реал Мадрид.

Фантастичниот напаѓач има 24 години, тој би бил долгогодишно решение за клубот од „Енфилд“, но сепак приорите бр. 1 за Ливерпул е како да се задржи Салах.

Во секој случај во летниот преоден рок ќе биде супер интересно.

ПретходноБелами пред дуелот со Македонија: Многу се добри! Се спремаме како да играме со Бразил!
СледноАлкалоид пред тежок предизвик, без најдобриот против Баја Маре во првата 1/4 финална пресметка!