Фудбалската репрезентација на Германија е првиот полуфиналист во Лигата на нации. Во реванш дуелите од четвртфиналето вечерва, дури три меча отидоа на продолженија 2х15 минути, откако по 180 минути игра не дојдовме до одлука за полуфиналистите.
Германија, која на првиот меч со Италија славеше на гости со 2:1, вечерва имаше високи 3:0 по првото полувреме на домашен терен, но во вториот дел Италија успеа да се врати комплетно, па дури и да израмни на 3:3. Сепак, „аѕурите“ не успеаја да најдат начин како да дојдат и до четврти гол за продолженија, па Германија успеа да се пласира во полуфиналето.
Кимих, Мусиала и Клајндинст ги постигнаа головите за „панцирите“, додека Мојс Кин постигна два гола за Италија, а еден Распадори од пенал.
Во битката за влез во „А“ сегментот од Лигата на нации, Белгија вечерва ја прегази Украина со 3:0 и покрај поразот од 3:1 на првиот меч, успеа да ја ндополни негативата за да остане во „А“ зоната. Лукаку беше херој на „црвените ѓаволи“ постигнувајќи два гола, а еден, оној првиот, го постигна Де Кујперс.
Во битката за влез во „Б“ сегментот од Лигата на нации, Р. Ирска и вторпат ја победи Бугарија, овој пат со 2:1.