ЛН: Словенија низ продолженија до опстанок во „Б“ сегментот на Лигата на нации

119

Фудбалската репрезентација на Словенија останува во „Б“ сегментот од Лигата на нации.

Вечерва, по вкупно 180 минути фудбал во Братислава и Љубљана немаше гол на двобојот меѓу Словенија и Словачка, но во петтата минута од дополнителните 2х15 минути, Адам Гнезда Черин погоди со глава за 1:0 решавајќи го мечот со Словачка. Словенија станува во втората лига на УЕФА Лигата на нации, а Словачка ќе мора да се бори во „Ц“ сегментот и следната сезона.

Мечот се одигра пред повеќе од 14.000 гледачи во „Стожице“ во Љубљана.

ПретходноОсум поени на Нено, нова победа на Милано
СледноКапитенот на велшкиот прволигаш Бери Таун осуден на две и пол години затвор