Македонија У16 со висок пораз од Русија во Анталија

464

Македонската репрезентација до 16. години предмалку загуби на подготвителниот дуел против Русија од 3:0, во меч одигран во Анталија. Нашата репрезентација е таму веќе неколку дена, а што се однесува до денешниот меч противникот ја оправда фаворитската улога.

Веќе на полувреме имаше двојно водство по што на избраниците на Драган Начевски им беше тешко да се вратат во игра што се однесува до резултатот.

Младата репрезентација на Македонија во Анталија ќе одигра уште еден контролен натпревар. Противник ќе биде селекцијата на Киргистан. Дуелот помеѓу Македонија и Киргистан на програмата е на 25. март со почеток во 9. часот сабајле.

Русија – Македонија    3:0 (2:0);

МАКЕДОНИЈА: Лука Грчевски, Стефан Јордановски, Грегоријан Михајловски, Давор Јорданов, Михаил Митревски, Дејан Спасевски, Бленди Љачка, Арда Иљазовски, Фадил Исламовиќ, Сонер Ракипи, Андреј Цветковски;

Резерви: Иван Стоилковски, Цека Ринор, Давид Лиотоски, Божидар Гогачевски, Мелдин Аломеровиќ, Аријан Рамадани, Марко Мирчевски, Горјан Петковски, Лука Георгиевски, Алекса Јазагиќ, Коста Бошковски, Васко Папалиски, Амети Вулнет;

Селектор: Драган Начевски;

ПретходноФФМ со официјална потврда: Приходот од дуелот со Велс оди за настраданите во Кочани
СледноГрузија ја „уништи“ Ерменија со 6:1