Репрезентацијата на Македонија до 19.години на чело со селекторот Еркан Селими денеска на вториот пријателскиот дуел против Албанија на гости во Корча, загуби со минимални 1:0.
Ова беше втор дуел помеѓу овие две селекции во три дена, а на првиот одигравме 0:0. Овојпат загубивме со гол примен во второто полувреме, а стрелец беше Красниќи.
МАКЕДОНИЈА: Павел Трајковски, Горазд Ристовски, Абдула Аслани, Давид Стојаноски, Каменчо Андоновски, Златко Радески, Андреј Мурџески, Назиф Цека, Албион Мусли, Јасин Рашани, Анастас Арнаудовски;
Резерви: Давид Илоски, Александар Балев, Бојан Затуроски, Лука Атанасовски, Адмир Љатифи, Хисар Али, Стефан Младеновски, Ариф Локи, Емир Шаботиќ, Здравко Перески, Игли Хасани, Аритон Мехмед;
Селектор: Ерхан Селими;