Македонија ја полни Арената за Кочани: До сега се продадени над 18.000 билети!

10158

Македонската фудбалска репрезентација во вторник го пречекува Велс (20:45 часот) во рамките на второто квалификациско коло за пласман на Светското првенство 2026 година. Вчера првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ одлучи сите средства собрани од продажба на билетите за мечот меѓу Македонија и Велс на Арената „Тодор Проески“ ќе бидат наменети за семејствата на настраданите и повредени во големата трагедија во Кочани каде во пожар во дискотека животот го загубија 59. лица, а околу 170 се поведени.

ПретходноАлкалоид пред тежок предизвик, без најдобриот против Баја Маре во првата 1/4 финална пресметка!
СледноДончиќ ги израдува Словенците кои бадијала платиле 1.000 евра за Лејкерси