Ракометарите на Алкалоид денеска со реми се враќаат од првиот четврфинален меч во Европскиот куп. На гостувањето во Романија кај Минаур Баја Маре, нашиот претставник одигра 31:31.
На натпреварот во Романија со едноминутно молчење им се оддаде почит на жртвите во трагедијата во Кочани.
Реваншот од четвртфиналето се игра на 30 март во „Автокоманда“.