На крајот ќе испадне многу врева за ништо. Како што сега стојат работите ниту Винисиус сака да си од Реал и да се пресели во Саудиска Арабија, ниту пак Дон Флорентино Перез сака да се “ослободи“ од него и за возврат да добие 300 -400 милиони евра.
Последните вести од Мадрид велат дека и Реал Мадрид и самиот Бразилец се подготвуват за потпис на нов договор.
Постоечкиот на Вини му истекува во јуни 2027 година, а за новиот полека, но сигурно се откриваат деталите.
Имено ако се знае дека Вини во Реал е платен 15 милиони евра, нето по сезона, тогаш јасно е дека таа годишна плата ќе му биде зголемена, но не толку да биде поголема од оние на Килијан Мбапе и Џуд Белингем. Најмногу што може да добие Бразилецот да има исти услови со овие двајца.
Инаку Реал Мадрид се сложува во договорот на Вини да има опција за ослободителна клаузула.
Сепак да оставиме во наредниот период официјална информација од Реал Мадрид дали “кралевите“ имаат намера да потпишат нов договор со Винисиус.