Познати официјалните лица за мечот меѓу Македонија и Велс!

599

Македонската фудбалска репрезентација во вторник на Националната Арена „Тодор Проески“ го пречекува Велс во рамките на вториот квалификациски меч за пласман на Светското првенство 2026 година. Ова ќе биде дуел меѓу две репрезентации кои стартуваа со победа во нашата група.

УЕФА ги одреди официјалните лица, сите доаѓаат од Франција. Главен судија ќе биде Жером Бризар, прв асистент е Ерван Финжеан, додека втор е Алексис Оже. Четврт официјален судија ќе биде Ромен Лисорг. Задолжени за ВАР ќе бидат: Бастиен Дешепи и Ерик Вателје.

ПретходноДончиќ ги израдува Словенците кои бадијала платиле 1.000 евра за Лејкерси
СледноКапинковски: Задоволен сум од игрите и резултатите на овој турнир