Попов на хуманитарен меч на Херенвен истрча со дрес со името на Андреј Лазаров (ВИДЕО)

575

Македонскиот фудбалски репрезентативец Горан Попов вчера беше дел од натпреварот на легендите на холандскиот фудбалски клуб Херенвен кој прослави 30-години од настапите на новиот стадион „Абе Ленстра“.

Пред 16.000 навивачи кои дојдоа да ги поздрават „Хероите на Херенвен“ меѓу кои беше и нашиот некогашен репрезентативец, Горан Попов на теренот истрча со дресот со број 3, а под бројот место неговото, стоеше името на трагично загинатиот фудбалер на Шкупи, Андреј Лазаров, кој загина во трагичната несреќа во Кочани.

ПретходноВелс пристигнува заедно со 2000 навивачи
СледноАлкалоид испушти победа, Баја Маре со пенал до реми!