По кратко и тешко боледување, почина некогашниот ракометен репрезентативец на СР Југославија Владимир Матовиќ. Матовиќ имаше 48. години, а во својата кариера најголем траг остави во дресот на Партизан од Белград.
Имаше настапи и во Словенија за екипите на Пруле 67 и Голд куп Козина, а беше дел и од Лигата на Шампионите.
Со репрезентацијата на СР Југославија играше на медитеранските игри во 2001 година.