Пјастри незапирлив, Мекларен доминантен- двојна победа во Шангај!

133

Оскар Пјастри оствари сигурна и убедлива победа на Големата награда на Кина, водејќи од почеток до крај. Мекларен имаше совршен ден, бидејќи Ландо Норис заврши на второто место, додека Џорџ Расел го комплетираше подиумот.

Трката започна доста возбудливо – Расел и Норис имаа фантастични стартови, напаѓајќи го Пјастри, но Австралиецот се бранеше уште подобро.

Зад нив, дуото на Ферари го престигна Верстапен, со благ контакт помеѓу Леклер и Хамилтон, што резултираше со мала штета на болидот на Леклер. И покрај ова, Леклер продолжи со добро темпо, но не успеа да ги претекне водечките и остана заглавен зад Хамилтон.

Фернандо Алонсо се повлече во шестиот круг поради проблеми со сопирачките, додека лидерите извозеа тактичка трка со минимални разлики. Гасли, Хамилтон и Верстапен први менуваа гуми, по што брзо реагираа останатите лидери.

Расел го искористи излезот од боксот за да го помине Ландо Норис, но Британецот набрзо возврати со брилијантен потег во првиот свиок.

Како што одминуваа круговите, Пјастри ја контролираше трката со пет секунди предност пред Норис, додека Расел се задржа на третото место.

Леклер се обидуваше да ја намали разликата до Мерцедес, но немаше доволно брзина за напад. Хамилтон го бркаше Верстапен по второто менување гуми, но не можеше да направи значителен напредок.

Во последните етапи од трката, Верстапен се израмни со Леклер и ја зазеде четвртата позиција со спектакуларен потег во 2-ри и 3-ти свиоци.

Ландо Норис доживеа голема драма во последните кругови, бидејќи имаше сериозни проблеми со сопирачките. Последните десет круга се жалеше дека не може правилно да закочи, а во претпоследниот круг инженерот му кажа дека ситуацијата е критична и дека треба да се обиде да издржи до крај.

На крајот сепак успеа да се задржи на второто место, но со голема доза на среќа. Сè потсетуваше на Британското ГП кога сите го стигнуваа Хамилтон, на кој му пукна гумата на неколку кривини пред крајот.

 

ПретходноЏирона сподели емотивна фотографија од Миовски и напиша порака на македонски јазик!
СледноУЕФА го номинираше голот на Миовски за еден од најдобрите (ВИДЕО)