Македонската фудбалска репрезентација го оствари очекуваниот резултат на стартот на квлификациите за пласман на Светското првенство 2026 година. Избраниците на Боби Милевски на гостувањето кај Лихтенштајн славеа со 0-3, следен противник е Велс, мечот се игра во вторник во Скопје.
По завршување на првото коло, УЕФА ги номинираше најдобрите погодоци и им даде шанса на фановите да гласаат. Во оваа Топ листа се најде и голот на Бојан Милевски. За погодокот на македонскиот репрезентивец можете да гласате на следниот ЛИНК.
Македонската фудбалска репрезентација веќе во Скопје, ќе има кратко време за подготовка за мечот со Велс.