ФФМ им кажа благодарам на репрезентативците

296

Македонската фудбалска репрезентација од синоќа повторно е во Скопје. Се врати од гостувањето во Лихтенштајн каде што забележавме победа од 0:3, во стартиот дуел од Мундијалските квалификации.

Сега, следува вториот меч овојпат на домашен терен кој што го играме против Велс во вторник на 25. март на Арената Тодор Проески во Скопје.

Се е подготвено за нов настап на Македонија. Арената е „стегната“ реновирана колку што ФФМ можеше тоа да го стори во овој изминат период, а дополнителна информација секако е дека приходот од продадените билети од мечот против Велс оди за настраданите во трагедијата во Кочани.

ФФМ денеска со галерија од фотографии од вчерашниот дуел, уште еднаш јавно им се заблагодари на репрезентативците за победата и за начинот кој што ја изведоа истатасо оглед на ситуацијата во која што се наоѓа нашата земја по трагедијата во Кочани. Навистина, избраниците на селекторот Благоја Милевски машки го одработеа вчерашниот меч, а сега на мир да ги оставиме да се подготват за она што следува. Полни трибини и атак на нови три бода во вторник против Велс.

ПретходноДрама во Формула 1… дисквалификација за Хамилтон, Леклер и Гасли од ГН на Kина
СледноПочина некогашниот ракометар Владимир Матовиќ