предмалку од Фудбалската федерација на Македонија потврдија, односно ја официјализираа информацијата дека целиот приход од продажбата на билетите од претстојниот дуел против репрезентацијата на Велс кој Македонија го игра во вторник на Арената Тодор Проески од 20:45 часот, ќе оди за настраданите во трагедијата во Кочани.
Информацијата за ваквата одлучка на раководството на ФФМ пристигна уште вчера со изјава на претседателот Масар Омерагиќ, а истата сега добива и на официјализација преу социјалните мрежи.
Спортспорт објави претпладнево дека веќе се продадени преку 18.000 билети. Купувањето се врши преку новата платформа создадена од ФФМ.