Џеко ги покажа повредите по дуелот со Романија

282

Капитенот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Един Џеко предмалку преку социјалните мрежи ги покажа повредите здобиени од мечот против Романија на гости. Босанците го добија овој меч до 0:1, но таа победа очигледно дека имаше своја цена. Џеко го напушти мечот на полувреме со скршен нос и напукната десна подлактица.

Ветеранот покажа како се бори и натаму за репрезентацијата и покрај годините. Длабоко е навлезен во четврата деценија од животот, но далеку од тоа дека е готов со играњето фудбал, како на клупско така и на репрезентативно ниво.

 

ПретходноПочина некогашниот ракометар Владимир Матовиќ
СледноМакедонија У19 со минимален пораз од Албанија