Џирона сподели емотивна фотографија од Миовски и напиша порака на македонски јазик!

8900

Македонската фудбалска репрезентација со победа ја започна битката за пласман ан Светското првенство 2026 година. Во првиот меч нашите момци ја оправдаа улогата на фаворити против Лихтенштајн, на гостински терен славеа со 0-3.

Еден од стрелците на оваа средба беше Бојан Миовски, тој го постигна третиот погодок и истиот не го прослави туку го посвети на настраданите во пожарот во Кочани. На социјалните мрежи се огласи тимот на Миовски, Џирона, и повторно напиша на македонски јазик.

Овој пат сподели емотивна фотографија и порача: Нашиот најдобар стрелец.

Нашите фудбалери веќе се во Скопје, во вторник на Националната Арена го пречекуваат Велс. Овој меч ќе биде од хуманитарен карактер, сите средства собрани од продажба на билетите ќе бидат наменети за семејствата на загинатите, но и повредените во големата трагедија која се случи во Кочани, каде 59. лица го загубија животот, додека околу 170 се повредени. Ова после мечот во Вадуц го потврди првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ.

ПретходноЛејкерси се посрамотија дома, Лука Дончиќ сакаше да се пресмета со противникот (ВИДЕО)
СледноПјастри незапирлив, Мекларен доминантен- двојна победа во Шангај!