Фудбалските репрезентации на Србија, Турција и Грција следната година ќе бидат дел од „А“ сегментот во Лигата на нации. Денеска во реванш натпреварите за пласман во А-сегментот, селекцијата на Србија на домашен терен славеше над Австрија со 2:0 и со тоа успеа да обезбеди место меѓу најсилните репрезентации на Стариот континент во прилично новото УЕФА натпреварување.
Србија одигра 1:1 на првиот меч со Австрија, но на денешниот дуел во Белград со головите на Максимовиќ (ВИДЕО) и Влаховиќ (ВИДЕО) постигнати во вториот дел, дојде до победа вредна место во европската елита.
Таму е и Грција по сензационалниот триумф на гости кај Шкотска од 0:3. Иако Шкотите го добија првиот натпревар како гости со резултат 1:0, избраниците на селекторот Иван Јовановиќ забележаа сензационална победа во реваншот и обезбедија место во „А“ сегментот. Головите за Грција ги постигнаа Константеалиас во 20. минута, Карецас во 32. минута и Колис, кој погоди за 0:3.
Турците во вториот меч ја совладаа Унгарија со 0:3 на гости, откако првиот меч го добија како домаќини – 3:1. Се беше готово по првото полувреме кога Чалханоглу отвори од пенал во 37. минута, а во 39. минута Арда Ѓулер зголеми на 0:2.
Косово обезбеди учество во „Б“ сегментот од Лигата на нации, откако направи изненадување победувајќи го Исланд на гости со 1:3. Хет-трик на Муричи на овој меч за победа на Косово.