Осум поени на Нено, нова победа на Милано

100
Фото: Олимпија Милано/Фејсбук

Македонскиот репрезентативен „плеј“, Ненад Димитријевиќ со 8 поени се врати во составот на Милано во победата над Тренто во новото коло од италијанската Лега А.

Денеска на домашен терен Милано славеше со тесни 89-87, а Димитријевиќ мечот го заврши со 8 поени, 2 скока и 3 асистенции за дваесетина минути, колку што добие од тренерот на домашната екипа.

За Милано ова беше трета последователна победа која го остави во ТОП 3 на табелата.

ПретходноЛН: Србија, Турција и Грција ќе играат во „А“ сегментот од Лигата на нации (ВИДЕО)
СледноЛН: Словенија низ продолженија до опстанок во „Б“ сегментот на Лигата на нации