Македонскиот фудбалски репрезентативец Горан Попов вчера беше дел од натпреварот на легендите на холандскиот фудбалски клуб Херенвен кој прослави 30-години од настапите на новиот стадион „Абе Ленстра“.
Пред 16.000 навивачи кои дојдоа да ги поздрават „Хероите на Херенвен“ меѓу кои беше и нашиот некогашен репрезентативец, Горан Попов на теренот истрча со дресот со број 3, а под бројот место неговото, стоеше името на трагично загинатиот фудбалер на Шкупи, Андреј Лазаров, кој загина во трагичната несреќа во Кочани.