Екипата на Алкалоид со реми се враќа од гостувањето кај Баја Маре во рамките на првиот четвртфинален натпревар во ЕХФ Европскиот Куп. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија се врати од негатива од пет гола, пред крајот успеа да поведе со позитива од три гола, а во самиот финиш домаќинот среќно дојде до реми, реализираше пенал. На оваа средба, но и до крајот на сезоната, Кирил Лазаров на располагање ќе го нема Марко Митев, кој заработи тешка повреда на мечот меѓу Словенија и Македонија.
Реванш мечот се игра на 30. март во салата „Автокоманда“, победникот оди во полуфиналето во ова натпреварување.
Во продолжение погледнете ги најинтересните моменти од првиот меч во Романија, кој започна со минута молчење во чест на трагично загинатите во Кочани.