Англија на Тухел ја реши и Летонија, БиХ со нов триумф, Албанија славеше против Андора!

191

Вечерва се одиграа шест мечеви од квалификациите за пласман на СП 2026.

На “Вембли“ во Лондон, Англија со новиот селектор Томас Тухел, во својот втор меч дојде до втората победа во групата К. После Албанија, вечерва Англичаните славеа со 3:0 и против Летонија.

Стрелци на головите беа Рис Џејмс, прекрасен гол од слобден удар, потоа Кејн и Езе.

Во истата група, Албанија како домаќин славеше против Андора со 3:0 и тоа со двата гола на Манај и еден на Узуни.

Одличен старт на БиХ во групата Х. По победата над Романија во Букурешт, оваа селекција со 2:1 вечерва во Зеница славеше и против Кипар, па така сега има максимални шест бода од два меча.

Во истата група, Романија како гостин беше убедлива на гостувањето кај Сан Марино за победа од 1:5. Попеску, Марин, Хаџи, Алибец и автогол на Чеволи, беа стрелците за победникот, додека за домашната селекција погоди Занони.

Полска, во меч од групата Г, како домаќин успеа да ја победи селекцијата на Малта со 2:0 и тоа со двата гола на Свидерски.

Претходно, во мечот кој се играше од 18 часот, Литванија и Финска одиграа 2:2.

ПретходноБарселона нема пари за Исак, Ливерпул е во пол-позиција
СледноТухел направи нешто што во репрезентацијата на Англија се нема случено повеќе од 30 години!