Барселона нема пари за Исак, Ливерпул е во пол-позиција

417

И покрај интересот на Барса за голгетерот на Њукасл, Исак, финансиската состојба на клубот нема да му дозволи да го купи ова лето. Тоа значи дека Ливерпул останува едиствениот вистински кандидат за потписот на Швеѓанецот.

Почетната цена на Исак е околу 90 милиони евра, но финалната ќе зависи од преговорите кои допрва следуваат. Менаџерот на „црвените“, Арне Слот бара да обезбеди млади, а докажани таленти за неговиот проект. Исак, со комбинацијата на моќ, техника и голгетерски инстинкт, е едно од имињата за кои холандскиот тренер размислува дека треба да ја засилат напаѓачка страна во тимот, а и добил уверување од управата дека ќе го поддржат во намерите да се купи ова лето.

ПретходноЗа мечот Македонија – Велс: Билетарата на Арената утре ќе биде отворена од 10 до 18 часот!
СледноАнглија на Тухел ја реши и Летонија, БиХ со нов триумф, Албанија славеше против Андора!