Белами: Народот во Велс е со вас, сме имале слични трагедии, многу е тешко да се зборува за фудбал

494

Како завршница на серијата прес конференции вечерва, а како претходница на утрешниот дуел од второто квалификациско коло од мундијалските квалификации, во кој Македонија на Арената Тодор Проески во Скопје од 20:45 часот се среќава со Велс, се појави селекторот Крег Белами. Како добар гостин веднаш Белами изрази сочувство за ситуацијата во која што се наоѓа.

„Сите сме добро и сите трениравме и тоа е важно. Македонија е сосема различна селекција од Казахстан. Има детали кои мора да се подобрат.  Се концентриравме на Казасхстан, тренеиравме и дојдовме тука. Сакам да изразам счуство до сите погодени од оваа трагедија. И ние во Велс сме се соочувале со вакви трагедии. Порачувам дека целиот Велшки народ е со вас. Како селектор повеќе сакам да зборувам за тим одколку за поединци. Џејмс се развива како играч, добро е што игра во клуб што му одговара. Македонија е голем предизвик. Тежок предизвик. Дивизијата Ц е поинаква од Дивизијата Б. Ми се допадна мечот кој го одиграа против Хрватска. Имаат квалитети, што е сосема нормално. Контранападите им се силна страна. Ќе биде интересен меч. Македонија ќе биде многу мотивирана“ – рече Белами па додаде.

„Пред дванаесет години бев на терен, погодив греда. Овие екипи сега се поквалитетни од оние пред дванаесет години. Лично никогаш не сум се сметал за послаб од противникот, секогаш било така. Меч во фудбал е. Да уживаме и да им донесеме малку ведрина на навивачите. Го заслужуваат навивачите тоа„ – додаде кормиларот на Велс.

ПретходноДејвис: Секогаш е тешко да се игра во овој дел од Европа, Македонија е добра во контра напади
СледноДодека Реал се двоуми: Модриќ има понуда од друг клуб од Ла Лига!