Билетите за Вардар – Ц.Звезда ќе бидат бесплатни само за децата од основните школи од Кочани!

702

ФК Вардар денеска изнесе важни детали околу цената на билетите за хуманитарниот меч против Црвена Звезда за семејствата на настраданите во големата трагедија која се случи во Кочани.

Билетите ќе се продаваат исклучиво преку платформа (исто како што ФФМ сега продава за Велс), Југ и Север ќе чинат 200 денари, додека Запад и Исток 100 денари. Бесплатно на овој натпревар ќе можат да влезат само децата од основните школи од Кочани.

„Информација за оние што се интересираат за билети за хуманитарниот со Ц. Ѕвезда: Билетите ќе се продаваат исклучиво преку платформа (исто како што ФФМ сега продава за Велс). Југ и Север 200 денари, Запад и Исток 100.
Бесплатно за децата од основните школи од Кочани што организирано би дошле.
Сите други плаќаат, почнувајќи од мене и Претседателот на ФФМ до секој добронамерник и хумана личност што ќе дојде на натпреварот”, се вели извршниот директот на ФК Вардар Миленко Неделковски.

Покрај ова од клубот информираат дека продолжиле со расчистување на долговите, а она што потенцира дека ниту еден од оние кои примиле огромни суми на парти не се јавил, мал дел да донира за Кочани.

„Клубот сериозно се впушти во финансиската консолидација, што пред се значи исплаќање на пари кон луѓето што ни ја имаат блокирано сметката со извршни решенија.
Лично, како човек, ме погодува фактот дека НИТУ ЕДЕН од тие што примија огромни суми на пари не најде за сходно еден мал дел (од каматите ако не од главницата) да донира за фамилиите на настраданите од Кочанската трагедија?! Или да донира за деца без родители, или за Младинската школа на Вардар!!! За жал, тоа е реалноста за тие ликови“, потенцира Миленко Неделковски.

Одблокирањето продолжи и денеска. Исплатени се:

1. Билјана Блажевска – 1.662.502 денари
2. Телеком – 181.212 денари
3. Сарана Трејд – 2.314.142 денари
4. Бојан Захариев – 1.400.000 денари плус камати.

ПретходноПолскиот репрезентативец Марек Марцинијак е ново засилување на Вардар  
СледноШкупи го повлече дресот на Лазаров, на неговото семејство ќе му бидат исплатени сите плати!