Велшките новинари на шега: Белами нека внимава на пасошот, да не ни се повтори фарсата од 2013-тата

438

Извонредниот старт на Крег Белами како селектор на Велс засега брои рекордни седум натпревари без пораз, додека авантурата за пласман на Светското првенство продолжува утре во Скопје на мечот со Македонија.

Капитантот Бен Дејвис откри дека и при 1-1 на мечот со Казахстан, Белами које  познат по неговиот темперамент, бил многу мирен во соблекувалната.

Релаксираниот пристап на Белами можеби ќе се промени на арената „Тоше Проески“ во Скопје, иако Белами вели дека мирно ќе ми пристапат и на овој меч со Македонија.

„Нема да ни послужи доколку бараме нов Герет Бејл. Сега треба да играме како тим“, рече Белами, пред заминувањето за Македонија.

Велшките новинари на шега му порачаа на Белами да не заборави на пасошот, како што тоа беше случај со селекторот Крис Колман, кој при единствената претходна посета на Велс на Македонија во септември 2013 година заврши со фарса откако го загуби пасошот. Колман тогаш мораше сам да тргне за Скопје, пропуштајќи ја прес-конференцијата пред натпреварот и последниот тренинг, затоа што мораше да оди за Њупорт за да добие нов пасош.

ПретходноАлкалоид одигра реми во Романија, погледнете ги најинтересните моменти (ВИДЕО)
СледноДешам: Не престанавме да веруваме!