ВМФЛ: Водечките славеа убедливи победи, Брегалница само до бод среде Штип против “пиратите“

372

Денеска се одиграа сите осум средби од 21.коло во ВМФЛ, она коло кое беше одложено минатата недела поради страшната трагедија во Кочани, Токму затоа попладнево пред почетокот на сите мечеви имаше едноминутен молк за трагично загинатите 59 лица.

Македонија ЃП како што и се очекуваше, успеа со 4:0 да го победи Вардарски и да го задржи лидерското место на табелата. Стрелци на головите беа Христов два, Маркоски и Николовски.

Башкими исто така беше убедлив, дома успеа да слави против Вардар (Н) со 5:2 и тоа со головите на Имери, Сулимани, Алиу, Мемеди и Демири, додека за гостите головите ги постигна Павлески.

Кикс на Брегалница која во Штип одигра само 1:1 против Скопје.

Гостите поведоа со голот на Јанакиевски, а Хаџи-Кимов ги спаси штипјани од пораз.

Охрид и Победа, во меч кој се одигра во Струга, мечот го завршија без голови.

Беласица со 3:0 славеше против Новаци, додека Арсими во Гостивар ја совлада Саса со 4:1 и со овие три бода опасно и се заканува на Брегалница за тоа трето место кое води во баражот.

Осогово како гостин славеше против Борец во Велес со 1:3, Детонит и Кожув одиграа 1:1.

РЕЗУЛТАТИ – 21.КОЛО

Башкими – Вардар 5:2

Охрид – Победа 0:0

Беласица – Новаци 3:0

Арсими – Саса 4:1

Македонија ЃП – Вардарски 4:0

Борец – Осогово 1:3

Брегалница – Скопје 1:1

Детонит – Кожув 1:1

ТАБЕЛА

Македонија ЃП 48, Башкими 48, Брегалница 44, Арсими 42, Саса 32, Охрид 32…

ПретходноСо купен билет за мечот со Велс сите помагаме: Омерагиќ купи 300 билети за утрешниот дуел
СледноГолот на Миовски е втор најубав гол во квалификациите (ВИДЕО)