По толку критики, со право, сега е време да го пофалиме и ФК Гостивар, односно сопственикот на клубот кој донираше милион денари за семејствата на настраданите во катастрофалната трагедија во Кочани.
Секако дека ова е голем гест, со што ја покажува својата хуманост и за тоа треба да му се честита.
Инаку денеска во Виница се одигра пријателски меч меѓу Слога и Гостивар и средствата од овој натпревар, билети и слично, исто така ќе одат кај семејствата на настраданите во Кочани.