Третиот гол на нашата фудбалска репрезентација на мечот со Лихтенштајн во Вадуц е избран за втор најубав погодок на стартот на квалификациите за СП 2026. Погодокот на Миовски по асистенција на Илиевски беше во конкуренција за најубав погодок, а на крајот заврши на втората позиција.
УЕФА за најубав погодок го прогласи оној на Гиговиќ од Босна и Херцеговина со кој Босанците славеа на гости кај Романија.
View this post on Instagram