Македонската фудбалска репрезентација утре ја очекува вториот квалификациски дуел од оваа Мундијалска кампања против Велс во Скопје. Арената Тодор Проески многу веројатно ќе биде преполна, затоа што билетите според нашите информации веќе се при крај, а се знае дека приходот од продажбата оди директно за настраданите во трагедијата во Кочани.
Како позитивен пример во текот на денешниот ден беше објавено дека претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ денеска купи 300 билети.
Овој пример го следеше и директорот на репрезентацијата Горан Пандев кој што обезбеди од свој џеп 100 билети.
Конечно, на самата прес конференција која што штотуку заврши, од ФФМ апелираа праксата на гратис билети кога станува збор за фудбалската репрезентација на Македонија, да престане и да биде едноставно искоренета. Се замолуваат сите оние кои што досега ја практикувале, да го земат примерот на раководните структури на ФФМ и да се одважат и да купат билети не само за нив туку и за оние кои не се во можност да обезбедат за себе.