Уште еднаш се покажа дека Игор Стефановски Иџе е голем спортсмен и голем човек. Нашиот автомобилски ас, по повод страшната трагедија во Кочани која се случи минатата недела и во која животот го загубија 59 млади луѓе, а 200 беа повредени, стави на дел од своето Ферари стави црна боја во знак на жртвите во овој наш град:
“Во чест на жртвите од трагедијата во Кочани.
Црна боја на моето возило со кое ќе настапувам на трките низ Европа како знак на почит кон оние што ги загубија животите во оваа страшна несреќа. Ова не е само боја – ова е порака на сочувство, солидарност и поддршка за нивните семејства и најблиски.
Некои победи се на патеката, но вистинските победи се кога сме заедно во тешките моменти.
Почивајте во мир“напиша Иџе на своите социјални мрежи.