Дени Масев, некогашниот наш познат и истакнат фудбалер, поранешен репрезентативец на Македонија, е во притвор. Тој пред една недела бил притворен, и сеуште е.
Засега нема официјални информации за што всушност се поврзува Масев, за што Обвителството го сомничи.
По се ова раководството на ФФМ го разреши од функцијата спортски директор на А-репрезентацијата.Тоа е забележливо поради фактот дека Масев деновиве не е виден меѓу националите.
Инаку Масев пред некој месец сам си замина од оваа функција откако не се сложуваше со работата на тогашниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини,за да потоа повторно му беше доверена оваа функција.